Ракомет

ГРУЗИЕЦ ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП!

Она што беше најавено, се оствари. Шестото засилување за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп е 20-годишниот Грузиец Лео. Игра на позицијата десно крило. Покрај него, нови во екипата кај тренерот Божидар Мојсов се: голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), средниот бек Црногорецот Драган Јелушиќ (Искра Бугојно – Босна и Херцеговина), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш), левиот бек Никола Цветаноски (Струга) и десното крило Пеце Рајатовски (Голден арт). Тука не завршува списокот на играчкиот кадар, со оглед на тоа што се очекуваат уште двајца нови.

Екипата на Прилеп првиот пријателски натпревар ќе го има на 12 август со Дубочица во Лесковац.

Од категоријата

КУМАНОВО ПОЧНА ДА ГУБИ, ДАЛИ ЌЕ ЗАГУБИ ВО ПРИЛЕП?

Зоран Иге

НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ НА ДЕСПИНА

Зоран Иге

УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ДОМАЌИНОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе