Долгите три недели пауза, поради настапите на А-репрезентацијата, Младинската до 18 години, како и Аматерската репрезентација, го изменија редоследот во Втората фудбалска лига на Македонија. Така, наместо четвртото, прво се игра петтото коло. Според тоа, екипата Победа в недела (15 ч.) гостува кај Беласица во Струмица, а в среда (15 ч.) дома игра со тетовски Арсими, во рамките на четвртото коло. Потоа, в сабота на 28 септември (14 ч.), е мечот дома со Охрид, од шестото коло. И четири дена потоа (2 октомври во 14 ч.) Победа е домаќин, го игра мечот од 16-финалето за Купот, против прволигашот Гостивар. Значи – по мечот со Беласица, прилепскиот тим трипати со ред игра дома.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Брегалница 9, Кожуф 7, Арсими, Башкими и Новаци 6, Скопје 5, Вардар Н. и Детонит 4, Победа 3. Беласица и Вардарски 2. Саса, Осогово и Охрид 1, Борец 0.