Екипата на Прилеп со 4:2 загуби на дерби-мечот од 4. рунда на Државното екипно првенство на Македонија во шах, во Струга. Беше силен отпор на прилепскиот тим во битката со актуелниот шампион. За Алкалоид победи постигнаа: ВМ Ју Јанџи од Кина, ВМ Александар Инѓиќ од Србија и ИМ Филип Панчевски. За Прилеп единствената партија ја доби ИМ Дејан Стојановски. Со реми завршија партиите: ВМ Шант Саргсјан од Ерменија – ВМ Никола Седлак од Србија и ИМ Тони Лазов – ФМ Славе Трајкоски.
Попладнево во 16 часот се игра 5. коло, во кое Прилеп се среќава со скопски Гамбит.