Фудбал

НАПРЕДОК ПО ДОЛГИ 5 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА ДОМА!

Тешко, претешко е за секој тим што настапува постојано на гостински или неутрален терен, а никогаш дома. Таков е случајот со Напредок од Крушеани, бившиот третолигаш. Долги пет години како домаќин менуваше терени надвор од Крушеани, во Обршани, на Могила во Прилеп… Сега конечно е подготвен домашниот терен и пролетва екипата ќе настапува во Крушеани, во мечевите од Општинската Б-лига, каде целта е пласманот во А-лигата.

Во врска со играчкиот кадар, костурот е задржан, а нови се Миодраг Тасески (Кадино, Скопје) и Никоче Ѓоргоски (Обршани), но има и повратници, како Андреј Петрески, Филип Шавкулоски, Даниел Мицески и Александар Цивкароски,

Во Б-лигата на ОФС Прилеп конкуренти на Напредок се Мажучиште, Братство (ГК), Боротино, Пролетер, Прилеп сити и Пелагонија (ПР).

Од категоријата

(фото, видео, состави) ДВА ЕВРО-ГОЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОКАЖА ДЕКА Е ЗРЕЛА ЗА ТИТУЛА

Зоран Иге

(фото, резултати, стрелци) УЛТРА-ПРЕСВРТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе