На Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, Прилепско се одржа 71. Државно првенство во спортско моделарство, слободнолетечки модели, во категориите Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц И Ф1Х-јуниори. Настанот, во име на Воздухопловната федерација на Македонија, го организираше клубот „Фил феникс“ -Прилеп. Најдраматично беше во категоријата Ф1А-едрилици, каде во основниот дел (5 старта) со максимален број бодови се одвоија Анастасија Пожарска (Фил феникс) и Пеце Илиевски (Битола). Поради изедначениот број бодови, само за нив двајца се премина на стартот на одлука или Флај – оф, по што за 1 секунда повеќе Анастасија Пожарска го освои првото место, Пеце Илиевски – второто, а третото место му припадна на Петар Цветановски (Охрид).
Опширно за настанот на Радио Пела:
Прилепчани повторно домаќини на државното првенство во воздухопловно моделарство