Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, Прилепско беше место за два светски купа во воздухопловно моделарство, организирани од клубот Фил феникс и директорот Здравко Тодороски. Во центарот на вниманието – Михаил Пожарски, кој со ненаполнети 8 години блесна на Светскиот куп „Македонија“ во Ф-1-А (едрилици) со прво место меѓу 24 сениори и јуниори. Нешто неверојатно. Којзнае дали некогаш некаде нешто слично се има случено. Тој е прв и во Ф-1-Х (едрилци за млади). Претходно, на Светскиот куп „Трофеј на Прилеп“ беше втор во истата Ф-1-Х.
Од прилепчаните медали имаат уште: Лука Најдоски (двапати втор кај јуниорите во Ф-1-А), Анастасија Пожарска (трета кај јуниорите во Ф-1-А), Дино Најдоски (прв кај јуниорите во Ф-1-Х). Успех имаа и други претставници на Македонија: Петар Цветановски (Охрид) двапати втор во F-1-B за јуниори, Митко Цветановски (Охрид) двапати трет во Ф-1-Ц кај сениорите, Небојша Стошиќ (Кавадарци) трет во F-1-A кај сениорите, Климент Масин (Охрид) втор во Ф-1-Б кај сениорите и Леона Чејкова (Кавадарци) трета во Ф-1-Х кај јуниорите.
Учествуваа моделари од 8 држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Турција, Франција и Германија.