100 години фудбал во Прилеп Фудбал

НА ДЕРБИ КОГА ГОСТУВА БЕЛАСИЦА, СТАДИОНОТ Е ПОЛН ВО ПРИЛЕП

Огромен интерес за присуство на трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп има за саботното фудбалско второлигашко дерби, Победа – Беласица. Долгодецениската традиција продолжува – кога на дерби гостува Беласица, трибините се полнат во Прилеп.

Почетокот на традицијата е на 17 јуни 1979 година. Тогаш на две кола до крајот од републичката Македонска фудбалска лига, трета по ранг во југословенскиот систем, се сретнаа Победа и Беласица во Прилеп. Победникот ги задржуваше шансите за првото место и пласманот во Втората југословенска лига, поразениот ги губеше. Атмосферата се вжешти и придонесе стадионот да се преполни. Тоа беше рекорд – 15 илјади гледачи. Воодушевените известувачи проценија и повеќе отколку што собира објектот. Победа победи со 3:1, со головите на Златко Конески и два на Владо Настески, додека голот за Беласица го даде Благој Митев, сегашен член на Стручниот штаб на Беласица.

Победа: Т. Тодороски, Ѓорески (Атанасоски), Николоски, Глушески, Мечев, Л. Петрески, Црвески, Р. Ѓорѓиоски, З. Конески (Василески), Сусулески, Настески. Тренер: Методија Крстески – Каше.

Беласица: Истатов, Василев (М. Митев), И. Андреев, Дрвошанов, К. Секулов, Б. Митев, Н. Секулов, П. Андреев, Мавков, Георгиев (Стојков), Стојанов. Тренер: Митко Џртев.

Од категоријата

ПЕХАРИ ЗА МАНЧЕСТЕР СИТИ И ПРИЛЕП СИТИ ВО ИСТ ВИКЕНД!

Зоран Иге

ИСТ ТЕРЕН, ИСТ ПРОТИВНИК ДЕНЕСКА И ПО ДВЕ НЕДЕЛИ

Зоран Иге

СТОМНАРОСКИ ГОЛОТ МУ ГО ПОСВЕТИ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе