Фудбал

(фото+состави+видео) ПРИЛЕП: ТОПКАТА НЕ САКАШЕ В ГОЛ!

Денеска сите прилепчани очекуваа согурна победа на Победа, но тоа не се случи. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп , во 3. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, Победа – Охрид 0:0.

На овој меч иницијативата главно ја имаше домашниот тим, кој создаде и зрели шанси. Но, топката како да не сакаше да влезе во голот. И голманот Дамјан Серафимов неколкупати одлично одбрани, а кога тој не беше во таква можност топката прелета над гредата или покрај дирекот. И гостите на контри се заканија, но не беа снаодливи, а и домашниот тим имаше денеска расположен голман, Иван Николоски.

Овој резултат 0:0 е разочарување за навивачите и симпатизерите на Победа. Меѓутоа, на ред пак е дуел дома, со Осогово, така што бргу ќе се врати надежта за успешна есенска серија на подмладениот прилепски состав.

ПОБЕДА; Николоски, Талески, Стомнароски, Кукески, Ивчески, Ј. Наумоски, Кочоски (94. Горгиовски), А. Петејчук, Алимоски (60. Д. Дебрешлиоски), Ф. Димоски, , Грозданоски. Тренер: Филип Мирчески.

ОХРИД: Серафимов, Ѓорѓиевски, Петрески, Цветаноски, Демири (94. Наумовски), Матески (70. Дишлиевски), Бакрачески (46. Нически), Скоко, Ѓоргоски, Лога, Кадриоски. Тренер: Петар Џигероски.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Охрид 0:0, Осогово – Башкими 2:3, Беласица – Тетекс 2:0, Новаци – Беса 1:4, Саса – Пелистер 0:3, Детонит – Арсими 1:0, Кожуф – Скопје 4:2, Караорман – Вардар (Н) 2:0.

ТАБЕЛА: Беса, Пелистер, Кожуф, Детонит и Башкими по 9, Победа и Охрид 4, Арсими, Караорман, Беласица, Новаци и Тетекс по 3, Скопје и Саса по 1, Вардар (Н) и Осогово 0.

СЛЕДНО 4. КОЛО (недела, 3 септември во 16 ч.): Победа – Осогово, Охрид – Вардар (Н), Скопје – Караорман, Арсими – Кожуф, Пелистер – Детонит, Беса – Саса, Тетекс – Новаци и Башкими – Беласица.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ:

Од категоријата

ДЕТАЛИ ЗА ДЕСЕТТЕ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

СТРУМИЧАНЕЦ – НАЈРЕДОВЕН НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

МОЖЕ (ШЕ) ЛИ ПОБЕДА ПОДОБРО?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе