Дојде на ред 6. рунда, денеска, прилепска Победа успеа да го постигне својот прв есенски триумф во Втората лига на Македонија. Дома со 1:0, со голот на Игор Ѓорѓиев во 50. минута, по претходно проигрување со долга топка од Давид Јошески, го совлада Големо Коњари. Екипите беа водени од тренерите – домашниот Филип Мирчески и гостинскиот Јовица Блажески. Подолу е записникот со другите податоци за двата тима.



Пред многу гледачи на северната покриена трибина од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се одигра интересен меч, имаше добра игра со многу шанси за двата тима, а тоа што имаше само еден гол заслужни се двата голмана – Дарко Тофилоски и Антонио Шемкоски. Некои силни и прецизни удари беа одбранети на чудесен начин.



ЗАПИСНИК ПОБЕДА – ГОЛЕМО КОЊАРИ
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 7. КОЛО (4 октомври во 15 часот):
