Осмото коло од Втората фудбалска лига на Македонија е зад нас и веќе вниманието е свртено кон деветтото коло. Но кога ќе се одиграат овие мечеви? Ова прашање не би се поставувало доколку оваа информација можеше да се види некаде, да се прочита или да се слушне во медиумите. Едноставно – колото е најавено, сите осум двојки, стадионите и местата одредени за одигрување, но датум и час – нема. Според ова, дуелот во Струмица (Беласица – Победа), како и мечот во Големо Коњари (Големо Коњари – Брегалница Ш.), се разбира и сите други, засега не се знае во кој ден и во колку часот ќе се играат. Веројатно во врска со ова се бара мислење од институции, со оглед на тоа што в недела е денот за локални избори. Како и да е, во текот на неделава и околу ова би требало да има најпрецизни информации.
СЛЕДНО 9. КОЛО: Големо Коњари – Брегалница Ш., Беласица – Победа, Преспа – Тетекс, Охрид – Саса, Скопје – Новаци, Детонит – Вардар Н., Слога В. – Кожуф, Шкендија А. – Осогово.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Шкендија А. 20, Беласица 16, Охрид 15, Скопје и Детонит 14, Кожуф, Осогово и Новаци 13, Саса 10, Вардар Н, 9, Тетекс и Победа 7, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.