Уште 4 кола се до крајот на Општинската Б-лига на ОФС Прилеп. Интересни со оглед на тоа што лидерот, екипата Братство 07 од Житоше, бега со 6 бода пред три конкурентски екипи (Канатларспор, Партизан Обршани и Прилеп сити), но тие не се предаваат и ќе се борат до крајот. Затоа на насловната фотографија е Прилеп сити, тим од каде слушнавме амбициозни најави за борба кон врвот, по последниот триумф врз Канатларци. На тој меч тренерот Коста Мирчески го изведе следниот состав за Прилеп сити: Далибор Милески, Давид Мицески, Дејан Наумоски, Димитар Грозданоски, Александар Никоски – капитен, Иле Мирчески, Андреј Јолески, Мартин Наумов, Христијан Илиески (од 52. мин. Дарко Цветаноски), Давид Бошкоски (од 75. мин. Димитриј Ристески) и Благојче Здравески (од 46. мин. Христијан Наумоски).
РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ 10. КОЛО


ТАБЕЛА
СЛЕДНО 11. КОЛО
Прилеп сити – Партизан Обршани, Канатларци – Пролетер Прилеп, Братство 07 – Корзо 2016, Боротино – Канатларспор.