И машката и женската ракометна екипа од Прилеп постигнаа високи првенствени победи во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
Прво беше дуелот Деспина Прилеп – Шампион Скопје, од 22. коло на Првата лига за жени. Домашниот тим победи со 20 гола разлика – 31:11. Најефикасни стрелци: Анастасија Јованоска со 8, Маја Ристеска со 6, Весна Христоска и Мери Гичева по 4 (Деспина) – Христина Трајанова со 3 гола (Шампион). Другите двојки: МРК Ѓорче Петров – Овче Поле СУ и Стружанка – Јехона. Табела: Атлетик 36, МРК Ѓорче Петров 26, Овче Поле СУ 24, Деспина 20, Стружанка 16, Јехона 6, Шампион 0.
Следно 23. коло (сабота, 2 мај): Атлетик Скопје – Деспина, Овче Поле СУ – Стружанка и Јехона – Шампион.
Потоа во истата сала се одигра мечот Прилеп – Радовиш од 6. коло на Плејаутот од Супер лигата за мажи. Конечниот резултат е 40:26. Најефикасни стрелци: Денис Шабановиќ со 8, Александар Тренчевски и Ангел Крстески по 5 (Прилеп) – Томче Трајчевски со 7, Иванче Ончев и Филип Костадинов по 5 гола (Радовиш). Другите резултати: Струга – Куманово 25:27 и Пролет – Еурофарм Пелистер 2 27:25. Табела: Прилеп 32, Е. Пелистер 2 25, Пролет 21, Куманово 17, Струга 9 и Радовиш 0.
Следно 7. коло (сабота, 2 мај): Куманово – Прилеп, Струга – Пролет и Радовиш – Еурофарм Пелистер 2.