Фудбал

(состави, стрелци) ГОЛЕМО КОЊАРИ ДО СЕНЗАЦИЈА ВО ВЕЛЕС!

Малку е веројатно, ама вистинито – доскорешниот прволигаш Борец, дома во Велес со 1:3 загуби од Големо Коњари, во 7. коло на Третата фудбалска лига – Југ. На Градскиот стадион во Велес беше доминација на гостинскиот тим кој поведе со недостижни 3:0. Прво гол даде Ерџан Ибраимоски во 30. минута, а зголеми  Мустафа Селманоски во 45+2. минута. Веќе во 55. минута Николче Касниоски од пенал зголеми на 3:0 за Големо Коњари, а единствениот гол за Борец е запишан како автогол на Борче Макешоски во 74. минута. Сега на табелата Големо Коњари има четири бода предност пред Борец, три пред Росоман, еден пред Превалец.

БОРЕЦ: Димитриевски, Зафироски (46. Костадиновски), Костовски, Ташевски, Михајлов, Манасиев, Филиповски, Трајков, Чичевски, Стефановски (46. Пешовски), Ѓорѓиевски (46. Петров). Тренер: Александар Пановски.

ГОЛЕМО КОЊАРИ: Рајевиќ, Сркески, Селманоски, Н. Касниоски, Даноски, Ибраимоски (61. Ќамили), В. Бешовски, Симоноски, Пуцакоски (1. Бесими), Ѓорчески (27. Макешоски), Митрески. Тренер: Горан Касниоски.

РЕЗУЛТАТИ: Младост – Марена 3:1 (Антонио Димоски 3 – Јован Камчев), Борец – Големо Коњари 1:3 (Борче Макешоски АГ – Ерџан Ибраимоски, Мустафа Селманоски, Николче Касниоски), Ултрас – Превалец 2:7 (Христијан Баракоски, Мартин Мечев – Кристијан Маневски 3, Љупче Стефановски, Димче Ставревски, Бобан Дукадиновски, Давид Спиридонов), Локомотива – Питу Гули 1:1 (Дарио Петров – Зоран Котески), Слога – Росоман 1:2 (Адмир Угљанин – Слободан Дуков 2).

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 8. КОЛО (5 ноември во 13 ч.): Големо Коњари – Ултрас, Младост – Борец, Марена – Росоман, Питу Гули – Бучин, Превалец – Локомотива.

 

Од категоријата

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: ТРИ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ, НА Г. КОЊАРИ, ВЛАЗНИМИ И УЛТРАС!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ДЕНЕСКА НА ГРАДСКИ ОД 14 ЧАСОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ПЕТНАЕСЕТ ГОЛА ЗА ПОЧЕТОК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе