Фудбал

ПРИЛЕП: „ЗЛАТНАТА“ ГЕНЕРАЦИЈА ОД ПОБЕДА СЕ СОБИРА УТРЕ!

Повеќе генерации фудбалери на прилепска Победа остануваат во сеќавање поради своите успеси. Една од нив е од сезоната 1987/88 во Втората југословенска лига – Исток. Таа екипа во есента 1987 постигна 7 победи во серија, преку кои од последното место на табелата се издигна до врвот, нешто што дотогаш не беше видено. По 6. коло на 20 септември и поразот на гости во Крагуевац од Раднички, победничката серија почна во 7. коло на 27 септември (дома со Мајданпек 1:0), продолжи во 8. коло на 3 октомври (на гости со ОФК Титоград 1:0), во 9. коло на 11 октомври (дома со ОФК Београд 2:1), во 10. коло на 18 октомври (на гости со Металург во Скопје 1:0), во 11. коло на 25 октомври (дома со Влазними од Ѓаковица 2:0), во 12. коло на 1 ноември (на гости во Чачак со Борац 1:0) и во 13. коло на 8 ноември (дома со Црвена звезда Гнилане 3:0). На следниот меч во 14. коло на 15 ноември беше реми (дома со Нови Пазар 0:0), а потоа пораз во 15. коло на 22 ноември во Шабац од Мачва.

Во овој победнички период одиграа 17 фудбалери: Мирсад Јонуз, Звонко Костов, Лазар Радевиќ, Венцислав Сусулески, Спасе Најдоски, Владо Димоски, Милан Тодороски, Горан Богоевиќ, Марјан Стојковски, Тони Наумоски, Васил Гунев, Ѓорѓи Тракалинов, Миле Конески, Зоран Митревски, Фарук Јонуз, Тони Шалев и Влатко Досев. Меѓутоа, членови на екипата беа уште голманите Зоран Мицевски, Сашо Цветаноски, Трајче Николоски, како и други играчи… Што се однесува до тренерите, шеф на Стручниот штаб беше Кирил Анески, негови асистенти Мицко Николоски и Методија Крстески.

Во сеќавање се и членовите на Управниот одбор, како Василе Соколоски, Симон Наумоски, Трајче Маџоски, Веселин Тофоски, Бајо Велкоски, а и возачот Трајче Ѓорѓиоски. И новинарите се во спомен, како Миле Талески, Драги Башески, Атанас Тасевски, Данчо Трајковски… 

Утре (сабота) за 11 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ е закажана средба на сите инволвирани во ФК Победа во таа незаборавна есен 1987, од сезоната 1987/88.  

Од категоријата

ПОДВИГ, УСПЕШЕН ВИКЕНД: ДЕСЕТ БОДА ЗА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПРИЛЕПСКИ УЛТРАС НА ГОСТИ УБЕДЛИВ, ЗА ДА ПОКАЖЕ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СЛЕДНОТО ДЕРБИ СО БОРЕЦ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ФЕНЕРБАХЧЕ ИГРА ТРИ МЕЧА НАЕДНАШ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион