Еден од оние што ја знаат до ситни детали историјата на прилепскиот фудбал, во тие рамки и на Победа, е сограѓанинот Ѓорѓија Гоганајче (79). Затоа неслучајно денеска беше гостин во Радио Пела, во емисијата „Спортски журнал“. Зборуваше за повеќе поттеми – почетоците на фудбалот во Прилеп, најголемите успеси, појавата на загреани навивачи под прекарот „борини“, доживувањата со фудбалерите сместени во неговиот хотел „Алгок“, а на крајот е неговиот став околу најдобриот, идеален тим од 11 најдобри играчи во историјата на Победа.
ВИДЕО