И три дена по бараж-мечевите за учество во Втората фудбалска лига на Македонија, не е стонасто сигурно дека екипата Големо Коњари ќе биде со стасусот второлигаш. Прашањето дали бившиот прволигаш Беса се откажува, останува отворено, иако клубот од Добри Дол, Гостиварско, има објавено на својата фејсбук-страница дека се откажува. Всушност, според наши сознанија, се чекал службен документ, официјално известување од овој клуб до Фудбалската федерација на Македонија.
Доколку Беса се откаже, тогаш нови второлигаши ќе бидат Тетекс Тетово, Слога Виница, Шкендија Арачиново, Големо Коњари, Преспа Ресен и Осогово Кочани. Доколку Беса не се откаже, тогаш за Големо Коњари, Преспа и Осогово ќе има ждрепка, по која ќе се добијат двата клуба второлигаши, а третиот ќе биде третолигаш.
Дека ништо не е сигурно ни потврдија и од клубот Големо Коњари.