Во последно време пингпонгот во Прилеп во рамките на првенствата и турнирите се има играно во три сали – Пингпонгарската, во Основното општинско училиште „Добре Јованоски“ и во Средното општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“. Некогаш, пред 40 или 50 години се играле мечеви и во Основното општинско училиште „Кире Гаврилоски – Јане“. Токму во ова училиште најверојатно ќе има пинг-понг в сабота. Станува збор за првиот меч од финалето на плејофот од Супер лигата на Македонија помеѓу Младост 96 (Прилеп) и Крива Паланка.
Претходно, во полуфиналето, Младост 96 беше подобар тим од Астраион во Струмица со 4:3, а Крива Паланка од Телеком нец во Скопје со 4:2.