Фудбалското место Големо Коњари по 31 година доби екипа во Втората лига на Македонија. По овој успех мобилно е не само во клубот Големо Коњари, ами и во целото место. Целта е клубот да зајакне финансиски, а игралиштето да биде реновирано за да може да ги исполне барањата од Фудбалската федерација на Македонија. По два дена е следната голема акција, па оттука и обраќањето од ФК Големо Коњари до сите сожители.
– Ве покануваме в недела,15 јуни, 16 часот, кој е во можност да излезе на стадион и да ни помогне околу него за да го подготвиме за второлигашки натпревари. Кој сака може и со трактор да дојде, а со приколки ќе има носење на земја за да се потполнуваат и санираат нерамните места. Значи – ќе има секакви активности и секоја ваша помош ќе ни биде од големо значење. Поздрав и се гледаме в недела – се вели во повикот од ФК Големо Коњари.
Планирани се летни подготовки, а првиот собир е најавен за почетокот на јули, за играчкиот кадар под водство на тренерите – новиот Јовица Блажески и досегашниот Горан Касниоски.