Фудбалскиот клуб Големо Коњари, новиот второлигаш од сите страни добива помош. Еве ја најновата информација од Управата:
„Голема благодарност до Неговото високопреосвештенство Митрополит европски господин Пимен за неговата финансиска и морална поддршка. Исто така голема благодарност до Отец Горан Мантароски кој е секогаш тука за нас, за финансиска и морална поддршка.“
Екипата од 13 јули е во тренажен процес со одиграни три пријателски меча, последниот синоќа во Неготино, каде домаќинот беше поуспешен со 3:0.
