Денешниот е последен ден, завршница, од Десеттиот меморијален меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Домашниот тим Прилеп има шанса првпат да го освои пехарот, првпат да биде победник, а ривал ќе му биде Еурофарм Пелистер 2 (Битола). Претходно двете екипи постигнаа по две победи и станаа победници во групите. Во групата А Прилеп со 33:28 го совлада Пролет (Скопје), а со 24:23 беше подобар од Тиквеш (Кавадарци). Во групата Б Еурофарм Пелистер 2 со 27:16 го совлада Пролет, а со 35:29 беше подобар од Црвена звезда (Белград, Србија).
Еве ги и другите резултати: Црвена звезда – Пролет 25:28, Тиквеш – Бутел 26:25.
Според тоа, од 15 часот за 5. место ќе се борат Црвена звезда и Бутел, за 3. место од 17 часот ќе играат Пролет и Тиквеш, а финалето Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 е од 19 часот.
Влезот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е слободен.
ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ:
2015 Охрид
2016 Пелистер (Битола)
2017 Пелистер (Битола)
2018 Пролет (Скопје)
2019 Металург 2 (Скопје)
2021 Тиквеш (Кавадарци)
2022 Дубочица (Лесковац, Србија)
2023 Дубочица (Лесковац, Србија)
2024 Охрид
2025 ?
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
