Денеска клубовите членови на Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп коишто се со статусот третолигаши, учесници во Третата лига – Југ, добија по 20 топки. Донацијата им ја врачи потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија и претседател на ОФС Прилеп Марјанчо Стојковски – Манта. Ова се случи благовремено, безмалку на две недели пред стартот на првенството, старт најавен за 14 септември.
Пред почетокот на првенството по 10 топки ќе добијат и сите екипи од Општинската лига под капата на ОФС Прилеп.