Од 18 до 28 септември во Бајина Башта се одржа Првата лига на Србија во машка конкуренција, со учество на 12 екипи: Новосадски (Нови Сад), Словен (Рума), Радник (Сурдулица), Јелица (Горачиќи), Деч (Деч), ПТТ (Белград), Рудар (Костолац), Змај (Белград), Пожега (Пожега), Југовиќ (Каќ), Нафтагас (Елемир), Црвена звезда (Белград). Во екипата Радник од Сурдулица настапи велемајсторот Звонко Станојоски од Прилеп. Тој се појави на 6 меча, со освоени 3,5 поени, преку 2 пораза – од ВМ Бобан Богосављевиќ од Србија (Јелица Пеп Горачиќи) и од Новак Думбеловиќ од Србија (Пожега), 1 реми (против ВМ Суат Аталик од Србија (Црвена звезда Белград) и 3 победи – со ФМ Михаил Гушев од Србија (Југовиќ Каќ), ФМ Лав Пајчин од Србија (Новосадски Нови Сад) и со Антонио Варваглионе од Италија (Словен Рума).
Инаку, Радник Сурдулица како екипа има 2 пораза (2,5:3,5 од Јелица Пеп Горачиќи, 2,5:3,5 од Рудар Костолац), 3 нерешени (3:3 со Нафтагас Елемир, 3:3 со Деч, 3:3 со Змај Белград), 6 победи (4:2 со Југовиќ Каќ, 3,5:2,5 со Новосадски Нови Сад, 5,5:0,5 со Словен Рума, 3,5:2,5 со Црвена звезда Белград, 3,5:2,5 со ПТТ Белград, 4,5:1,5 со Пожега).
ТАБЕЛА: Јелица Пеп Горачиќи 42, Змај Белград 41, Радник Сурдулица 38,5, Деч 37,5, Нафтагас Елемир 37, Рудар Костолац 36, Црвена звезда Белград и ПТТ Белград по 35, Новосадски Нови Сад 30,5, Пожега 29, Југовиќ Каќ 27,5, Словен Рума 7.
Станојоски во Радник Сурдулица членува веќе неколку години, со придонес во прогресот на клубот од третолигашката во прволигашката конкуренција.