Во Прилеп, во организација на Џудо клубот „Сеишин“ се држа Петнаесеттиот меѓународен турнир во џудо „Прилеп, град херој – Цевитана куп 2025“. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ настапија околу 300 џудисти од 31 клуб и 10 држави: Словачка, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Турција, Англија и Македонија.
Во оваа силна конкуренција домаќинот, клубот „Сеишин“ освои 18 медали, од кои 6 „златни“ (Јована Цветкоска, Ајла Јеина, Софија Ѓорѓиеска, Дино Кулевски, Владан Стрезоски и Марко Андрејевски), 3 „сребрени“ (Илхан Рамовиќ, Матеја Николоска, Дила Пупаловиќ) и 9 „бронзени“ (Марија Марковска, Фросина Димоска, Елдина Пупаловиќ, Бисера Цветкоска, Стефани Ристеска, Владимир Илиоски, Халид Рамовиќ, Ангел Стојовски и Марко Марковски).
И Џудо клубот „Пролетер“ од Прилеп има медали. Според извештајот, освоени се 2 „златни“ (Ведран Цветкоски, Џени Димитријоска), 2 „сребрени“ (Анастасија Здравеска, Марко Чиртоски) и 4 „бронзени“(Стефан Николоски, Виктор Стојаноски, Јаков Магдевски, Дејвид Димески).
Џудото е успешен спорт во Прилеп, па неслучајно претседател на Џудо федерацијата на Македонија е прилепчанецот Владимир Трпаноски.