Ракомет

НАЈНОВО: НА КАСТРАТОВИЌ ПРИЛЕПСКИ ЅВЕЗДИ ЌЕ И БИДАТ ГОСТИ ВО – ПРИЛЕП!

Вторник, 14 октомври е важен ден за спортот во Прилеп. Тогаш е спортскиот настан насловен како „Ракометен караван 2025“. Најавен е меѓу 12.30 и 14 часот во салата при ООУ „Добре Јованоски“.  Главната цел на караванот е промоција на нашиот национален спорт – ракометот, како и запознавање на најмладите генерации со неговата убавина и вредност.

– Веруваме дека овој настан ќе биде вистинска можност учениците да уживаат, да се забавуваат и да го почувствуваат спортскиот дух. На настанот ќе учествуваат: Индира Кастратовиќ и специјални гости Горан Кузманоски, Силвана Карбеска и Димитар Димитриоски – најавуваат од Ракометната федерација на Македонија.

Кастратовиќ (спортски координатор на женските селекции во РФМ) секогаш предизвикувала внимание при доаѓањето во Прилеп, како што беше на пример спектаклот во 2012 година, на хуманитарниот настан во Универзалната сала (тогаш Спортска арена „Сонце“), кога и женски и машки ракометни ветерани одиграа пред 2.000 гледачи со цел приходот да биде наменет за изградба на црквата „Света Петка“ во населбата „Точила“. Другите тројца – Горан Кузманоски (сега тренер на Бутел и селектор на селекцијата до 18), Силвана Карбеска (меѓународен судија и вработена во РФМ) и Димитар Димитриоски (капитен на Прилеп), специјалните гости на 14 октомври, сите се прилепчани, или се чувствуваат така, а исто како Кастратовиќ големи ракометни ѕвезди, но често присутни под Марковите кули.

Ракометот и на овој начин покажува дека се стреми кон позицијата спорт број 1 во цела Македонија, вклучително и во Прилеп.

Инаку, фотографијата што ја објавуваме е од спектаклот во 2012 година.

Од категоријата

ДОБРО И ЛОШО ПОЛУВРЕМЕ ЗА ПРИЛЕП

Зоран Иге

(фото) И ВЕЧЕРВА ПРИЛЕП ПОКАЖА КОЛКУ МУ ТРЕБА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА!

Зоран Иге

ТРЕТПАТ САКААТ ПЕХАР ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион