Од неодамна нов шеф на Стручниот штаб на фудбалскиот второлигаш Победа е Филип Мирчески. Но, покрај него често може да се забележи и доскорешниот капитен Филип Стомнароски. Познатиот одбранбен фудбалер, по извршената операција на повредата, се стави на располагање да помогне со своето искуство и знаење. Покрај долгата играчка кариера, тој е ангажиран и во Фудбалската школа „Вондеркидс“, а познато е дека по образование е професор по физичко и здравствено воспитување.
Победа в сабота (15 ч.) ја очекува второлигашки дуел дома со Слога од Виница.