Ракометните мечеви се играат во разни денови. Така, во Супер лигата на Македонија за мажи, два меча од 7. рунда се одиграа вчера: Вардар (Скопје) – Прилеп 39:22 и Охрид – Радовиш 35:17. На дуелот во Скопје, најдобри стрелци беа Кристијан Атанасовски, Харуки Кавада по 5 (Вардар) – Димитар Димитриоски 7, Ангел Крстески, Денис Шабановиќ, Томислав Квастек по 3 гола (Прилеп).
СЛЕДНО 8. КОЛО (18 октомври): Прилеп – Охрид, Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер, Радовиш – Тиквеш, Куманово – Вардар, Бутел – Струга, Пролет – Алкалоид.
ТАБЕЛА: Вардар 14, Алкалоид 10, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел по 9, Пролет 7, Прилеп 6, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 по 4, Куманово и Стуга по 2, Радовиш 0.
ПРВА ЛИГА ЗА ЖЕНИ: вечерва (18 часот) е мечот од 5. коло, Овче Поле СУ (Свети Николе) – Деспина (Прилеп). Други двојки: МРК Ѓорче Петров – Стружанка од 12 ч., Атлетик – Шампион од 13 часот.
ТАБЕЛА: Овче Поле СУ и Атлетик по 6, МРК Ѓорче Петров и Деспина по 4, Стружанка и Јехона по 2, Шампион 0.