Мораше да се чека дури осмото коло од Втората лига за меѓу прилепчаните да се забележи големо задоволство од играта и резултатот. Задоволни се и во клубот Победа и околу него, меѓу симпатизерите на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Не само што Победа победи убедливо 3:0 со Слога од Виница, ами и мечот може да добие преодна оценка. Победа постигна три гола (стрелци: Мохамед Ахмедов во 56., Виктор Крстевски во 66. (автогол) и Гоце Кузманоски во 72. минута), создаде и други добри шанси преку убави акции (еден пример е волеј-ударот на Лука Трајкоски во гредата), играта во одбрана исто така беше на ниво, не се дозволи тресење на домашната мрежа, а треба да се каже дека највозрасниот на теренот, 39-годишниот голман Дарко Тофилоски на чудесен начин повеќепати го спаси својот гол.



Меѓутоа, гледачите можат да бидат задоволни и од играта на Слога од Виница, тим којшто имаше и игра и шанси, се бореше до последниот судиски свиреж, голманот, прилепчанецот Антонио Столевски, како и соиграчите се покажаа во одлично издание, особено парирарајќи до вториот примен гол, автогол. Инаку прилепчани коишто настапија во гостинскиот тим беа голманот Антонио Столевски, за врска Давор Богевски и напаѓачот Никола Талески, додека отсутен поради црвен картон беше бранителот Христијан Кукески.


ПОБЕДА: Тофилоски, Шиков (28. Кузманоски), Ахмедов (69. Крајоски), Л. Трајкоски (80. Ѓорѓиев), Д. Јошески (80. М. Талески), Д. Шаркоски, Ф. Димоски, Павлески, Д. Дебрешлиоски, Л. Варошаноски, А. Петрески. Тренер: Филип Мирчески.
СЛОГА В.: Столевски, В. Крстевски, Рушити, И. Настевски, Н. Талески, Љ. Христовски, А. Илиев, Т. Мирчевски, Софијаноски (65. Х. Ристов), Д. Спасов (65. Амедов), Д. Богевски (85. М. Воинов). Тренер: Емил Грнев.

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Победа – Слога В. 3:0, Вардар Н. – Големо Коњари 4:0, Тетекс – Шкендија А. 1:2, Кожуф – Детонит 0:0, Новаци – Охрид 0:1, Саса – Преспа 3:0, Осогово – Беласица 3:1, а од 18 часот Брегалница Ш. – Скопје 2:0.
СОСТАВИ ВАРДАР НЕГОТИНО – ГОЛЕМО КОЊАРИ 4:0 (стрелци: Аделин Ќазимов 14., Ѓорѓи Шишков 45., Мартин Нејковски 79., Стојанче Камчев 87.),
ВАРДАР Н.: Апостоловски, Јордановски, Лембовски, Донов, Нејковски (85. Ѓорѓев), Ристов (64. Камчев), Шабанов, Тодоров (69. Димов), Шишков (85. Митрев), Костадинов, Ќазимов (64. Младеновиќ). Тренер: Горан Стојановски.
ГОЛЕМО КОЊАРИ: Шемкоски, Андреевски, Табаковиќ, Белески, Имероски, Сркески, Н. Даноски (46. В. Божиноски), Станојоски (46. Ибраимоски), Чапкуноски (46. Д. Петрески), Каришик (69. Бончаноски), Тренер: Јовица Блажески.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Шкендија А. 20, Беласица 16, Охрид 15, Скопје и Детонит 14, Кожуф, Осогово и Новаци 13, Саса 10, Вардар Н, 9, Тетекс и Победа 7, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.
СЛЕДНО 9. КОЛО: Беласица – Победа, Големо Коњари – Брегалница Ш., Преспа – Тетекс, Охрид – Саса, Скопје – Новаци, Детонит – Вардар Н., Слога В. – Кожуф, Шкендија А. – Осогово.