Вечерва се изврши ждрепката за Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Во салата од Собранието на Општината Прилеп беа одредени 8 групи по 4 екипи. Мнозинството се од градот – домаќин, но голем е и бројот на екипи отстрана, од Скопје, Македонски Брод, Охрид, Битола, Кичево, Десово, Житоше…
Еве ги составите на групите, во кои носители се: Компанија Атанасовски (Скопје), Теа Андреа – Хајв кафе (Прилеп, со 7 прволигашки фудбалери – Јорданчо Наумоски, Дарко Илиески од големиот фудбал, Мартин Никовиќ од футсалот и др.), Пилана Жарко (Ропотово), АСП Пак (Охрид), Кули (Прилеп), Андринико (Скопје), Давид Коруноски (Прилеп) и Фенербахче (Кичево),
А: Компанија Атанасовски, Гостилница Мерак, Македонски Брод, Автоконтрол
Б: Теа Андреа Хајв кафе, Аце Најдоски, Портофино, Електроелемент
Ц: Пилана Жарко, Фасада Чајник, БТК Комерц, Караорман
Д: АСП Пак, АМД Прилепец, Кафетерија, Комфи ангел
Е: Кули, ПВЦ Никем, АЦ Милан, Мермерен комбинат
Ф: Андринико, Акцент медиа, Јока, ВИК
Г: Давид Коруноски, Инекс Олгица, Братство 07, Пролетер
Х: Фенербахче, Ибо пласт, Десово градба, Џулијано-Хримакс.
Организацискиот тим (Општината Прилеп, Спортското здружение, со покровител – компанијата „Комфи ангел“) го најавија турнирот со траење од утре (12 декември) до недела (28 декември) во борба за пехар и парични награди – 300.000, 180.000 и 70.000 денари. Сениорите ќе играат во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко„, а има и пионерски екипи – во ОУ „Добре Јованоски“.