Екипата Прилеп се уште има добри шанси за пласман меѓу шесте најдобри, во плејофот од Супер лигата на Македонија, благодарение на последниот успех, триумфот во Струга. Резултатот е Струга – Прилеп 25:33, убедливо, дури осум разлика во полза на прилепската екипа, водена од стружанецот Наум Танески. Најефикасни стрелци: Наум Костов 5, Ахмед Мајдоуб 5 (Струга) – Димитар Димитриоски 11, Томислав Квастек 7, Денис Шабановиќ 6, Владан Кастратовиќ 5 (Прилеп).
Успехот е мошне битен за убаво расположение пред последниот есенски меч, со лидерот на табелата, скопски Вардар. Најавен е за утре – вторник, 16 декември, 19.30 часот, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Се очекува преполна трибина.
Резултати 17. коло:
Струга – Прилеп 25:33
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 27:26
Охрид – Еурофарм Пелистер 29:25
Вардар – Радовиш 40:26
Алкалоид – Куманово 42:25
Пролет – Бутел 23:26
Табела: Вардар 32, Еурофарм Пелистер 28, Алкалоид 27, Охрид 25, Бутел 18, Тиквеш и Прилеп 16, Еурофарм Пелистер 2 15, Пролет 12, Струга 6, Куманово 5, Радовиш 0.
Следно 18. коло – вторник, 16 декември: Прилеп – Вардар, Бутел – Алкалоид, а в сабота – 20 делември: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет, Куманово – Струга, Радовиш – Охрид и Еурофарм Пелистер – Тиквеш.