Навистина прилепската екипа Мега баскет ја оправдува амбицијата за пласман на врвот во Првата лига на Македонија А-група. Од 8 меча има 7 победи, а последната е со четвртина најдобра досега. Станува збор за третата четвртина против тетовски Тетекс, кога Мега баскет постигна неверојатни 44 поени, а прими само 17, што придонесе за висок триумф на крајот од 101:67.
Од поентерите се издвојуваат: Настески со 24, Враниќ со 22 и Митков со 17 поени (Мега баскет) – Шуменковски со 32 (Тетекс).
Резултати 9. коло: Мега баскет – Тетекс 101:67, Водно санс – Вардар 90:93, Младинец – Охрид 56:76, Црн Дрим слободен.
Табела: Вардар 16, Мега баскет 15, Охрид 13, Водно санс 12, Црн Дрим и Тетекс по 9, Младинец 7.
Следно 10. коло (20 декември): Водно санс – Мега баскет, Охрид – Вардар, Младинец – Црн Дрим, Тетекс слободен.