Денеска продолжува Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ во Прилеп. Како и секој ден што се појавува по некоја екипа – фаворит, кандидат за освојување на пехарот, така и денеска. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се појави екипата Давид Коруноски, носител од Г-групата, потоа Хајф кафе/Теа Андреа, носител од Б-групата… Ако се има предвид оптималната бројка екипи (32), може да се каже дека слаби воопшто нема на турнирот, туку од добри – подобри. И вечерва во нивните состави ќе има прволигашки фудбалери од големиот фудбал, како и од футсалот. Во екипата Теа Андреа/Хајв кафе настапува голманот Антонио Столевски (Слога Виница), Јорданчо Наумоски (Пелистер Битола), Мартин Никовиќ (КМФ Клими Кавадарци), Дарко Илиески (Тиквеш Кавадарци) и други квалитетни и познати за јавноста.
– Квалитетна екипа имаме, но секогаш кога се планираат некои резултати, не излегуваат така. Затоа потценување не доаѓа предвид на ниеден ривал. Имаме термини во салите, тренираме и се подготвуваме за турниров на кој учествуваат и играчи и екипи од други градови – вели Мартин Никовиќ.
Распоред за денеска, понеделник, 15 декември
19.00 ч.: Фрст клас АС – Автоконтрол (А-група)
19.45 ч.: Фрст клас АС – Гостилница Мерак (А-група)
20.30 ч.: Фасада Чајник – Караорман (Ц-група)
21.15 ч.: Инекс Олгица – Давид Коруноски (Г-група)
22.00 ч.: Хајв кафе/Теа Андреа – Портофино (Б-група)
22.45 ч.: Хајв кафе/Теа Андреа – Електроелемент/Паркетар Горан (Б-група)