Преку спортот се афирмира не само поединец, ами и група, град, држава… Дека е така убав пример е фудбалерот Салим Арифи, поранешниот член на Победа. Ја има улогата на спортски амбасадор, бидејќи премина во ФК Митровица, во Косово. Со самото негово појавување таму, предизвикал масовно да се зборува низ тој град за прилепска Победа. Всушност, повозрасните фудбалски љубители веднаш ги вратиле спомените за дерби-мечевите од некогашната Втора југословенска лига, Трепча (Митровица) – Победа (Прилеп) од 80-те, 70-те години на минатиот 20-ти век, мечеви пред полни трибини. Колку значи еден спортски амбасадор, на кој треба да му се оддаде заслужено признание. Таму прилепчанецот и на 18 години е најдобар голгетер не само во клубот, ами и во целата лига. Разговорот со него е подолу на видеото.
ВИДЕО