Голема битка беше во Големо Коњари денеска, Големо Коњари – Вардар Неготино 0:1. Победоносниот гол е постигнат во 59. минута, преку Дарко Донов. Домаќинот возврати со голема борбеност и имаше шанси до последните секунди од мечот, но противникот успеа да се одбрани. Мечот со судиското надополнување се играше 97 минути, пред многу гледачи во Големо Коњари.
Сепак, и покрај триумфот, екипата Вардар од Неготино е далеку од спас од отпаѓање во Втората лига на Македонија.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 24. КОЛО (сабота, 11 април, 15.30 часот): Тетекс – Преспа, саса – Охрид, Новаци – Скопје, Брегалница Ш. – Големо Коњари, Вардар Н. – Детонит, Кожуф – Слога В., Победа – Беласица и Осогово – Шкендија А.