Фудбал

РИВАЛОТ НА ПОБЕДА, КУМАНОВО, Е ПРВАК МЕЃУ 14 ТИМА!

Екипата Куманово е противникот на прилепска Победа во бараж-мечот за Втората лига, според ждрепката во Фудбалската федерација на Македонија. Тимот Куманово беше првак на Третата лига – Север, во која учествуваа 14 тима. Најголем конкурент на Куманово му беше Шкендија од Арачиново. На крајот Куманово освои 70 бода, Шкендија 69. На 26 меча, кумановскиот тим забележа 23 победи, 1 реми и 2 пораза. Иако Куманово е регистриран како Градски фудбалски клуб, како домаќин настапува на игралиштето во село Доброшане.

– Победа е екипа со реноме, актуелен второлигаш, за нас можеби најсилниот противник. Но, нашите амбиции се да влеземе во Втората лига. Имаме квалитетна екипа со играчи од Кумановско и неколку од Скопје, па ќе видиме што ќе биде в сабота. Еден натпревар е и се е можно  – вели потпретседателот на Куманово, Тони Раденковиќ.

Клубот под ова име постои 11 години и има учествувано во два ранга – Општинска лига и Трета лига – Север.

 

 

Од категоријата

ПРВО РАКОМЕТ, ПА МАЛ ФУДБАЛ

Зоран Иге

(ФОТО+СТАТИСТИКА) ЕДЕН ГОЛ ЌЕ РЕШЕШЕ, АМА И ТОЈ НЕ СЕ ПОСТИГНА!

Зоран Иге

ФУДБАЛ НА МОГИЛА ОД 17 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе