Екипата на Победа го одигра последниот меч дома во рамките на Втората лига на Македонија, но тоа не значи дека е крај на возбудувањата на теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. За љубителите на фудбалот претстои уживање во гледањето на уште три меча, во рамките на плејофот од Општинската лига на ОФС Прилеп. В среда од 17 часот е првото полуфинале, Гарван Десово – Млекар Мало Коњари, в четврток од 17 часот второто полуфинале, Кадица Забрчани – Кадино, а на 24 мај финалето меѓу победниците од полуфиналињата.
Борбата е за освојување на првото место, со кое се стекнува право за учество во Третата лига – Југ.