За љубителите на фудбалот во Прилеп продолжува фудбалската сезоа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. За сите љубители на фудбалот претстои уживање во гледањето на уште три меча, во рамките на плејофот од Општинската лига на ОФС Прилеп. Денеска (среда) од 17 часот е првото полуфинале, Гарван Десово – Млекар Мало Коњари, в утре (четврток) од 17 часот второто полуфинале, Кадица Забрчани – Кадино. Тоа не е се, бидејќи на 24 мај е финалето меѓу победниците од полуфиналињата.
Борбата е за освојување на првото место, со кое се стекнува право за учество во Третата лига – Југ.