Пред завршувањето на првенствата екипите Победа (Прилеп) и Големо Коњари денеска ќе одиграат пријателски натпревар во Големо Коњари од 17 часот. Според пласманот во овој момент овие се двете најдобри екипи во рамките на ОФС Прилеп – Победа 13. место во Втората лига, а Големо Коњари прво место во Третата лига – Југ.
До крајот на второлигашкото првенство Победа има гостување на Детонит во Радовиш, а Големо Коњари во Дреново.