Вториот финалист во плејофот на Општинската лига на ОФС Прилеп е Кадица (Забрчани). Вчера оваа екипа со 2:0 го совлада Кадино. Стрелци: Дарко Аврамоски и Рубинчо Велески. Финалето на 24 мај Кадица ќе го одигра против Млекар (Мало Коњари) тим кој во средата на пенали 5:4 го елиминира Гарван (Десово) откако во основниот дел беше 0:0.
Плејофот го следи многубројна публика на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
ФОТО-ГАЛЕРИЈА
ВИДЕО