Конечно, се разјасни ситуацијата околу учесниците во Втората лига на Македонија. Екипата Беса од Добри Дол, Гостиварско, се изјасни дека ќе учествува во овој ранг, така што за пополнување на две места во Лигата мора да има ждрепка. Таа ќе се случи утре (среда) во 12 часот, во Фудбалската федерација на Македонија. Во ждрепката ќе бидат екипите Големо Коњари, Преспа од Ресен и Осогово од Кочани. Две од нив што ќе бидат извлечени ќе бидат второлигаши, третата ќе биде третолигаш.
Претходно второлигаши станаа Тетекс од Тетово, Слога од Виница и Шкендија од Арачиново.