Се што е убаво, се памети цел живот. Такви се спомените на Стојче Бозоски, сопственикот на Гостилницата „Скара Стојче“. Тие спомени се поврзани со Фудбалскиот клуб Победа, со фудбалските ѕвезди кои кај него уживале и уживаат во преубава храна и пијалаци. Стојче вели дека и кога било најтешко, бил и останал со Победа, од 1969 година до ден-денеска. Подолу е видео-разговорот со него.
ВИДЕО