На Меморијалниот фудбалски турнир „Николче Атанасовски“ во Лознани, Битолско, победник меѓу четирите екипи е домашната, Хајдук. Еве ги резултатите: на првото полуфинале Хајдук (Лознани) – Прилеп сити 2:1, а на второто Младост (Горно Оризари) – Стрела (Ерековци) 1:0. Во финалето Хајдук (Лознани) – Младост (Горно Оризари) 1:1, на пенали 4:3. Лидерот на Прилеп сити Коста Мирчески смета дека е покажан добар фудбал на турнирот, вклучително и од неговата екипа, засилена со нови играчи за следната сезона.
Прилеп сити беше победник на турнирот пред две години, во летото 2023 година.