Иако заврши плејаутот од Супер лигата, и понатаму теми присутни во спортската јавност се ракометните клубови, вклучително и Ракометниот клуб Прилеп. Последно прашање кое се поставува е: Кој ќе биде тренер на прилепскиот сениорски тим? Првата опција е досегашниот Страшо Илиоски, со чие водство Прилеп го освои високото 2. место на плејаут-табелата (вкупно 8. место во целата Супер лига), а втората опција е Наум Танески, кој со екипата Струга достигна опстанок преку бараж-меч против скопски Мулти есенс.
Во врска со играчкиот кадар, заминати се тројца – левото крило Давид Трајкоски (Алкалоид, Скопје). , десниот бек Никола Шипинкоски (Охрид), левиот бек Ангелчо Органџиев (?), а дојдени се двајца – грузискиот десен бек Сандро Дарсанија (Португалија) и црногорскиот десен бек Божидар Лековиќ (Азербејџан).
Во поглед на учеството во следната сезона, пријавувањето на екипите со сите документи до Ракометната федерација на Македонија трае до 1 јули.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА НИЗ ПРИЛЕП
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403
