Најавено е четвртото издание на Меѓународниот фудбалски турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“. Термините се: 27, 28 и 29 јуни, т.е. петок, сабота и недела, а местото е теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, што подразбира убава можност за присуство на публика. Учеснички се очекуваат екипи од клубови и школи од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Македонија – од балканските држави. Нема дилеми дека претстои врвна организација, бидејќи дополнителна обврска е јубилејот – 25 години постоење на Фудбалската школа „Тони“, организатор на турнирот во соработка со Општина Прилеп.
Натпреварите ќе се одвиваат во 6 возрасни категории: за фудбалери родени 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.