Во Фудбалскиот клуб Големо Коњари, новиот второлигаш, а и воопшто во цело Големо Коњари и околните места најактуелно е тоа што во тек е работата околу дотерувањето на игралиштето, соблекувалните, трибините, всушност сите простории потребни за исполнување на условите за повисокиот ранг. Но најнова вест сепак е одредувањето на датумот за старт на подготовките. Според новиот тренер, шефот на Стручниот штаб Јовица Блажески, во консултација со асистентот Горан Касниоски, Управниот одбор предводен од претседателот Тони Даноски, ден за почеток на летните подготовки, за првиот собир и тренинг ќе биде 13 јули – недела. Се чини оптимален датум ако се земе предвид дека Втората лига стартува на 23 август.
Во поглед на летниот преоден рок засега за заминат се смета Христијан Кукески во Швајцарија, за дојден тренерот Јовица Блажески од Македонски Брод, но од клубот откриваат дека се во преговори со повеќе фудбалери, па натаму може да се очекуваат нови играчи, засилувања во Големо Коњари.