Од неделата новиот второлигаш Големо Коњари е во реализација на подготовките, а веќе се закажуваат пријателски дуели. Првиот е на 24 јули со Победа од Валандово, вториот на 27 јули со Евротип од Битола – двата во Големо Коњари, а третиот на 31 јули со Вардар во Неготино.
Во клубот покрај новиот тренер Јовица Блажески од Македонски Брод, се и играчите: Валентин Белески и Бојан Јовески (Питу Гули, Крушево), Антонио Шемкоски и Симон Николоски (Победа, Прилеп), Филип Станојоски (Слога, Лажани).
Во Големо Коњари го очекуваат доаѓањето и на Зоран Даноски (Брегалница, Штип).