Којзнае од кога е традицијата со верувањето дека среда е најсреќниот ден и токму во среда е најдобро да се започне некоја крупна работа. Така и Ракометниот клуб Прилеп одлучи да стартува со подготовките денеска (среда) под раководство на новиот шеф на Стручниот штаб Наум Танески. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од 18:30 часот е состанокот, а од 19:00 часот и првиот тренинг. Во екипата, покрај досегашните првотимци, има и нови ракометари, како грузискиот десен бек Сандро Дарсанија од Португалија, црногорскиот десен бек Божидар Лековиќ од Азербејџан и домашниот среден бек Димитар Димитриоски од Ваљадолид, Шпанија. Во врска со пријателските мечеви, сигурно ќе има десетина, вклучувајќи ги тие на Меѓународниот турнир „Миле Нешкоски“ од 21 до 24 август.
Супер лигата стартува на 6 септември, со дуелот дома против Еурофарм Пелистер 2 од Битола.