Прилепскиот фудбал е во криза, но од овој град излегуваат големи таленти. Така, 18-годишниот напаѓач Салим Арифи, досегашен член на Победа, потпиша двегодишен договор за клубот Митровица од Косово. Може да се толкува како изненадување, но и не мора, ако се знае дека овој млад прилепчанец има постигнато над 100 гола во дресот на Победа, при настапите во сите младински категории. Арифи има настапи и за репрезентациите на Македонија, во младинските категории.
Според потпишаниот договор со клубот Митровица, откупната клаузула за Арифи изнесува 100 илјади евра.