Ретки се спортските клубови со кои денес може да се гордее Прилеп. Еден од нив е Ракометниот клуб Прилеп. Се работи за силен машки ракометен тим, учесник во Супер лигата на Македонија, лидер на табелата од Плејаутот. Тимот ќе остане и натаму силен, ако се има предвид дека денеска договорите за останување во него ги продолжија тројца – тренерот и двајца првотимци. Според тие информации, во клубот и во иднина тренер (шеф на Стручниот штаб) ќе биде стружанецот Наум Танески, 49-годишен. Исто така, согласност за останување во клубот потпишаа и двајцата ракометари – десниот бек Никола Шипинкоски, охриѓанец на 22 години и левото крило Димитар Димитриоски, прилепчанец на 28 години. Сите се на насловната фотографија заедно со клупскиот претседател Никола Чадамов и спортскиот директор Филип Велески.


Претстојат уште 7 меча во Плејаутот, а првиот е на гости кај Пролет во Скопје.