Фудбал

ПРИЛЕП: ПО 7 ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ОБНОВУВА ИЗБОРОТ НА СПОРТИСТ!

Вчера беше Дванаесеттата седница на Советот на Општина Прилеп, на која, меѓудругото, тема беше и спортот. Еден од советниците – Златко Рикалоски, најмногу познат по активностите во пинг-понгот, се јави за збор и постави прашање, на кое одговори градоначалникот Дејан Проданоски.

Подолу е содржината – прашањето и одговорот:

СОВЕТНИК ЗЛАТКО РИКАЛОСКИ

„Имајќи ја предвид традицијата и значењето на спортот во нашиот град, како и улогата на спортските достигнувања во афирмација на младите и локалната заедница, би сакал да поставам прашање поврзано со изборот на спортист на градот, којшто подолг период не се организира. Дали Општината има план и подготвеност во наредниот период да го возобнови овој настан, со што повторно да се вреднуваат и афирмираат успесите на нашите спортисти? Сметам дека ваквата иницијатива би имала повеќекратно значење, како признание за постигнатите резултати, така и како поттик за младите генерации активно да се вклучуваат во спортот. Воедно – дали постои можност да се организира во соработка со спортските клубови и спортските федерации, со цел да се обезбеди транспарентен и релевантен процес?“

ГРАДОНАЧАЛНИК ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ

„Ви благодарам за прашањето. Во однос на спортот и наградата за успешните спортисти, направивме некои чекори, зголемивме висина на буџетот за спортски клубови и невладини организации, трикратно мислам дека е зголемен буџетот – од 4 милиони на 12 милиони. Работиме на подобрување на состојбите администритативно на елитниот спорт и навистина е добра иницијативата. Некои од медиумите во градов организираа таканаречена манифестација слична на изборот на најуспешен спортист на Прилеп, којашто знаеме во минатото беше една високо престижна манифестација, којашто се случуваше во општина Прилеп. Сме разговарале со оние коишто се сега активни учесници во спортот и во спортските клубови. И навистина Прилеп заслужува, како голем град, гледаме дека соседниве градови го имаат… Сметам дека тоа нема да биде некое големо зафаќање на буџетот, дека од тие средства коишто во моментот се определени согласно буџетот, можеме да организираме една манифестација, секако да не биде само една маска за да се кријат политичко тесни интереси, туку навистина да стане една престижна манифестација со којашто објективно би ги наградиле сите успешни спортисти коишто работат на промоција. Како градоначалник, следите, дека на еден скромен пречек во мојот кабинет се сите коишто досега оствариле европски или светски успеси, чисто за да дадеме значење дека треба да се фаворизира секој спортист којшто излегува од Прилеп. Оти тие, спортистите, се, можеби, заедно со истакнатите во други области, најдобрите амбасадори и промотори на нашиот град. Сметам дека ние како локална самоуправа најмалку што можеме да направиме е да организираме манифестација на којашто како град би им дале достојна почит за успесите коишто ги постигнуваат… Поддржувам секаква иницијатива, а веќе сме разговарале со вработените во Одделението за општи работи за  да се органзира една ваква манифестација. Гледаме во рамките на културната и спортската област да им понудиме на прилепчаните што е можно повеќе содржини… Да покажеме дека во овој град не е се така се сиво и бледо… Ја поддржувам иницијативата и би сакал Прилеп во 2027 година да прогласи спортист за 2026 година. “

Последните избори за најдобар спортист на Прилеп беа во почетокот на 2020 година, а се однесуваа на 2019 година. Според Изборот на Општина Прилеп, најдобар спортист беше каратистката Пулексенија Јованоска, а според неделниот весник „Зенит“ најуспешен за таа година беше пингпонгарот Ѓоко Јочкоски.

Од категоријата

РОНАЛДО ДАДЕ ТРИ ГОЛА ВО МАРЕНА!

Зоран Иге

„ТУРНИР СВЕТИ НИКОЛА 2025“ ПРИЛЕП: СЕКОЈ ДЕН КАНДИДАТИ ЗА ПЕХАРОТ, ПА И ДЕНЕСКА!

Зоран Иге

(видео) СО ШАМПИОНСКИ ПЕХАР ОД ПОБЕДА ВО ПРИЛЕПСКАТА БИЗНИС ЛИГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион