За јавноста познати се слабите резултати на прилепска Победа во пролетниот дел од Втората лига на Македонија, но не се непознати и причините кои доведоа до тие слаби резултати. Покрај тешката финансиска ситуација, блокираната сметка, проблемот со немање доволно кадар во раководството, стручниот дел и тимот, дополнителен проблем се и отсуствата на некои фудбалери. Меѓу тие што отсуствуваа е Давид Дебрешлиоски, еден од најдобрите, најискусните, во кадетско-младинскиот тим од Победа. Не беше во тимот и во саботата, дома против радовишки Детонит. Се работи за играч одамна со прволигашки квалитети, иако има само 21 година. Има настапувано и за младински репрезентации на Македонија. Без него беше тешко да се успее, а прашање е дали ќе се врати во прилепскиот тим, бидејќи информациите се дека уште проблем кај него била повредата.
Сепак, во Победа решени се да истраат до крајот на првенството. Следниот меч е в сабота од 15.30 часот, во Виница, со домашната Слога.